Летото во Скопје, покрај жешките температури го одбележува и „Пиволенд“, настан кој годинава прославува десет години од своето постоење.
По повод јубилејот, ова издание ќе трае шест дена и тоа од 7-ми август (понеделинк) до 12-ти август (сабота), а традиционално ќе се одржи на скопското Кале.
Со оглед на тоа дека се работи за јубилеен роденден на „Пиволенд“, посетителите покрај добрата забава, студено пиво и гурмански деликатеси, ги очекуваат и бројни изненадувања, што ќе бидат накнадно соопштени, како и комплетната програма.
Првиот Гурмански викенд со пиво – „Пиволенд“ се одржа во 2008-ма, а денес е единствен и препознатлив фестивал на пивото во Скопје.
Бидете и оваа година дел од најголемото летно случување, кое се одржува под мотото: „Пиволенд 2017: Дојди, Види, Испиј!