80-от Венециски филмски фестивал во сенка поради штрајкот во Холивуд

31 август 2023

Овогодишното 80 издание на најстариот филмски фестивал на светот, ќе биде малку поинакво од претходните.

Имено поради штрајкот во Холивуд којшто веќе е во тек, познатите фимски ѕвезди и режисери нема да бидат присутни.

Венецискиот филмски фестивал вчеравечер требаше да биде отворен со филмот Challengers на Лука Гвадањино, но режисерот реши да го повлече и да го прикаже дури следната година.

Наместо него фестивалот стартуваше со италијанската воена драма Comandante. Ниеден друг филм не е повлечен од програмата, но поради поддршка на штрајкот нема да се појават актерите кои работеа на филмовите, што треба да бидат прикажани сезонава.

Филмот Maestro во којшто Бредли Купер ја игра главната улога е дел од програмата. Сепак холивудскиот актер, иако е присутен во Венеција да се осигура дека технички се ќе помине во најдобар ред, вешто ги одбегнува камерите и нема да се појави на премиерата.

На фестивалот ќе изостане и неговата филмска партнерка Кери Мулиган, а нема да се појават ни Мајкл Фасбендер ниту Тилда Свинтон.

Помеѓу останатите ќе се прикажат и нови филмови на Вуди Ален и Роман Полански, чиешто вклучување во програмата на фестивалот предизвика и низа контроверзии.

Со оглед на тоа дека голем број на ѕвезди ќе изостанат, и црвениот тепих нема да го има оној гламур и сјај како претходните години.

Во меѓувреме еве кои беа најдобрите дизајни на отворањето на 80 Венециски филмски фестивал.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Check the Tag (checkthetag)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Check the Tag (@checkthetag)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Check the Tag (checkthetag)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Check the Tag (checkthetag)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Check the Tag (checkthetag)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Check the Tag (checkthetag)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Check the Tag (@checkthetag)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Check the Tag (checkthetag)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Check the Tag (checkthetag)

Објавено:
31 август 2023
Категорија: 
Култура