Со популаризацијата на индустрискиот стил во уредувањето, сосема очекувано беше дека токму ваквите детали ќе станат вистински хит.

Бакарните украси во домот се нешто што остава шик впечаток во секое време, а овој уникатен материјал дефинитивно ќе биде еден од најпосакуваните сезонава.

Истиот ќе го направи топол секој простор, а ќе му даде и елегантен и гламурозен призвук како ниту еден друг детаљ.

Овие украси ќе бидат вистински празник за очи во секој дом без разлика како е уреден, но особено ќе се истакнат во оние каде преовладува минималистичкиот, скандинавскиот и рустикален стил во уредувањето.

Иако изгледаат елегантно, бакарните детали можете да ги сместите и во бањата во вид на огледало, украси за на ѕид, ламби, мијалници и што уште не.

Доколку се одлучите да ги ставите во дневната соба, тие и најмногу ќе дојдат до израз, ако се одлучите за клуб масички, некои делови од кујната, столчиња, па дури и кревет во спалната.

Во продолжение во галеријата погледнете го најдобриот избор од социјалните мрежи и подгответе се за викенд шопинг и освежување на домот.

Објавено:
13 април 2017
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
471 пати