Дом по своја мерка. Истовремено и дом чиј ентериер во голем дел е еден симпатичен „направи сам проект" со многу рециклирани компоненти.

Токму таков е амбиентот во домот на британската блогерка Оливија Фрост, која живее во мала двокатна зграда во предградие на Лондон.

За време на пандемијата се вселила во овој еднособен стан и решила да му даде свој печат со тоа што голем дел од мебелот и декорот ќе ги изработи сама, а притоа ќе реупотреби и различни користени материјали и предмети.

Резултатот е идиличен, мал дом со естетика на релација Париз-Лондон, во комбинација со пастелни нијанси на бела основа.

Сѐ во станот е минијатурно, почнувајќи од малата кујна во комбинација на бело и дрвени детали, па сѐ до спалната каде истовремено е сместен и работниот простор.

Магијата е во деталите, токму како малата масичка изработена од керамички плочки или рамката на креветот во спалната соба.

Ако размислувате за „направи сам" проект во вашиот дом, веќе знаете каде да побарате инспирација.

Фото: Инстаграм

 

Објавено:
20 јуни 2022
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
1.209 пати