Ентериери во боите на зајдисонцето – топол и тропски амбиент во домот

4 мај 2022

Топлина и пријатна енергија во домот може да постигнете на едноставен начин – преку соодветна палета на бои.

Пријатните нијанси од зајдисонцето може да бидат едноставно решение на вашата дилема какви бои да искористите во просторот, доколку сакате да постигнете ефект на опуштена и топла домашна атмосфера.

Бојата на мандарина, институтот Пантон ја прогласи за боја на годината во 2012, а после 10 години се враќа во популарната палета за уредување на ентериерот.

Доколку планирате преуредување во домот и сакате да го донесете тропското лежерно расположение во вашето секојдневно опкружување, тогаш размислувајте „во боите на зајдисонцето".

Една варијанта е во овие нијанси да обоите дел од ѕидовите, да вметнете парче мебел во портокалово кое ќе му даде акцент на просторот или пак да одберете декоративни елементи во портокалови тонови.

Одлични идеи следуваат во продолжение...

Фото: Пинтерест

Објавено:
4 мај 2022
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
724 пати