Како ќе ја имплементираме бојата на годината во ентериерот?

21 декември 2017

Со оглед на тоа дека институтот „Пантон", веќе ја прогласи ултра виолетовата за боја на годината, креативната индустрија од различни сектори веќе има решенија и предлози како таа ќе се применува во дизајнот.

Професионалците во областа на уредувањето на ентериери посочуваат неколку солуции: суптилна примена на ултра виолетовата боја преку одбрани детали, парче мебел или декоративен елемент од една страна и доминантно присуство на оваа боја во ентериерот како избор за боја на ѕидовите, поголемиот дел од мебелот како и помасивните декоративни елементи како што се завесите или килимот.

Доколку сте љубител на оваа боја и соодветно се вклопува во вашиот животен стил, издвоивме неколку интересни решенија кои може да ви послужат како инспирација доколку годинава планирате мала или поголема трансформација во уредувањето на вашиот дом.

Фото: Pinterest

Објавено:
21 декември 2017
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
881 пати