Кој не би посакал ваква мини оаза на тераса?

28 мај 2020

Отворена и пространа тераса на поткровје, уредена во ноншалантен и лежерен стил, со многу зеленило, убав поглед, па дури и со мини летна кујна – звучи идеално.

Такво совршенство лоциравме пребарувајќи низ содржините на @Architecture&Design и би било штета да не го споделиме нашето воодушевување со вас.

Станот со вака идеално концепирана тераса, се наоѓа во Стокхолм, Шведска. Делумно, во нејзиното уредување е застапен скандинавски стил во комбинација со бохо естетика.

Мини летната кујна има опција и за скара, па ова е идеално катче за дружба со пријателите, покрај тоа што ги исполнува условите и за максимално уживање и одмор, и кога сте сами со себе.

Осветлувањето секогаш има значајна улога во уредувањето, независно дали се работи за ентериер или екстериер, па и тука е посветено должно вимание, овојпат изведено преку сијалички кои даваат суптилна, интимна светлина во вечерните часови.

Разните украсни детали, како меките перници, прекривките и свеќниците, го надополнуваат топлиот амбиент на оваа домашна оаза.

Дизајн: Scandinavian Homes
Фото: Kronfoto

Објавено:
28 мај 2020
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
1.030 пати