Еден од најлуксузните ланци на хотели во светот отвори хотел и на Куба. Некои тоа го дочекаа со воодушевување, други со критика и несогласување.
Промената во Куба во однос на отворање кон западниот пазар и сите обележја кои ги носи оваа земја беше само прашање на време.
Отворањет на хотелот „Dhawa Cayo Santa Maria" кој го отвори хотелската корпорација Banyan Tree е само почеток. Седиштето на оваа компанија е во Сингапур, а имаат хотели во Мексико,Тајланд, Сејшели, Малдиви, Индонезија.
Една од главните одредници на нивното работење е еколошката одржливост, поточно минимална промена на автентичноста на околината кога градат хотел.
"Dhawa Cayo Santa Maria" се наоѓа на островот Кајо Санта Марија, на гостите им нуди 516 различни видови на соби. Има 5 ресторани, 4 бар ресторани, теретана, два базени, приватна плажа како и многу активности.