Мини кактуси за макси убавина во просторот

26 мај 2021

Ако сакате интересни и необични работи, макар кога е уредувањето на просторот во прашање, тогаш можеби овие мини кактуси ќе ви го привлечат вниманието.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by (@citrusandcowellness)

Кактусите се од оние билки што или ги сакате или не.

Некои ги сметаат за необични и елегантни, а некои за сосема обични и досадни.

Но, факт е дека без разлика во каков стил ви е уреден домот, можат да изгледаат добро во него и да го разубават.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by ALANI CALIP (@alanic.design)

Мини или уште попрецизно микро кактусите се новиот инстаграм хит, а многумина ги сакаат затоа што можат да ги групираат како сакаат и каде сакаат. 

Најчесто доаѓаат во комбинција со интересни саксии, а понекогаш саксиите се заменети со капачиња или тапи од плута...

Па може да ја вклучите и креативноста.

А ако сте од оние на кои дури и кактусот успева да им пресуши, еве неколку совети како да ги одржувате.

-Кактусите сакаат сонце, но не премногу, не е целта да изгорат. Прозорец што гледа кон југ е идеален за кактусите.

-Кактусот можете да го чувате и во затворен простор до лампа или пак на отворено на тераса.

-Што и да сте слушале за наводнувањето на кактусите, вистината е оваа дека им е потребно мало, но редовно наводнување. Ако сакате да растат, тогаш наводенувајте ги секоја недела (120 мл седмично). Внимавајте помеѓу двете дози вода, земјата да биде сува. На тој начин ќе спречите корените да бидат постојано мокри и да доведат до згаснување на растението.

- Во зимските месеци можете да намалите на вода, бидејќи тогаш се изложени и на помалку сонце.

-Саксијата со отвори е најдобро решение, затоа што не морате да се грижите за водата при дно. Можете да ги садите и во саксиите без отвор, но ќе треба повеќе да се грижите за нив. 

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Botanica (@botanica_plantshop)

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Cactus Magazine(@cactusmagazine)

 

 

 

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Monica Ruel (@monicaruel)

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Nina. (@n.inski)

Објавено:
26 мај 2021
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
2.201 пати