Модернистички стан со жолти акценти што го надополнуваат шармот на просторот

1 октомври 2020

Модернистичкa, со рационално предвиден распоред во кој идеално се спојуваат естетиката и функционалноста – оваа станбена целина сместена во 40m2 е олицетворение на современата архитектура наменета за задоволување на сите потреби на едно младо и модерно семејство.

Просторот истовремено е максимално искористен, а нуди префинет комфор обезбеден преку прагматичниот избор и распоред на мебел.

Дневниот престој е во директна комуникација со кујната и трпезаријата со што се добива отворен простор што ќе го собере целото семејство и е главно место за семејните средби.

Спалната пак е своја целина која е уредена во истиот естетски фазон, со фокус на удобноста и чувството на приватност.

Колоритот дава посебен шарм на комплетната слика, со што базата е поставена во неутрални, сиви тонови, додека акцентите се во интензивни жолти нијанси што ја заокружуваат хармонијата на овој современ семеен дом, сместен во проектот на новиот објект „Futura" на реномираната компанија Elena Luka Home.

Повеќе информации и детали за нивната целосна понуда ќе најдете на нивниот веб сајт www.elenalukahome.com.

Објавено:
1 октомври 2020
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
789 пати