Познатиот шпански бренд „Манго“ новата година ја започнува со проширување на бизнисот. Се работи за линија за уредување на домот.
Со тоа им станува директна конкуренција на „Зара“ и „H&M“ кои веќе одамна покрај облека, пласираат и производи за домот.
View this post on Instagram
Како најавуваат, првата колекција ќе ја лансираат во април годинава, а инспирацијата ја црпеле од медитеранската култура, природа, и начин на живот.
Во центарот на вниманието ќе бидат додатоци за спална соба, бања и дневна соба - постелнини, перници, ќебиња, крпи, наметки...
Од есен пак, ќе следат колекции за кујна и трпезарија.
View this post on Instagram
Палетата на бои ќе биде неутрална, а како велат од „Манго“ се потрудиле предметите да бидат во склад со еко системот.
Се' уште не се познати деталите околу цените, а познато е дека новата home линија ќе биде достапна онлајн и во селектирани продавници во Европа.