Новата куќа на Алиша Кис е... вау!

10 септември 2019

Пејачката Алиша Кис и нејзизниот сопруг неодамна се подновија со нов дом во Јужна Калифорнија. Се работи за таканаречената „Razor House“, која минатата година била ставена на продажба за 30 милиони долари, а купена е за околу десет помалку.

„Вау“ е навистина првата реакција која ќе ви дојде да ја изговорите откако ќе ги видите фотографиите. Куќата се простира на околу 1.000 метри квадратни, а направена е од стакло и бетон.

Има четири спални соби, округла дневна соба и неверојатен поглед речиси од секоја соба. Со оглед на тоа дека е позицирана во карпа над Тихиот океан, базенот е поставен на самиот раб од карпата.

Во куќата има и спа, огромна отворена кујна, соба за билјард, а има и посебен дел кој се води како гостинска куќа со две бањи. 

Од фотографиите се гледа дека во рамки на површината има и огромна гаража и градина, а погледот е она што ќе ве фасцинира.

Погледнете:

 

Објавено:
10 септември 2019
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
882 пати