Пинтерест идеи: Како да ги декорирате вашите пролетни балкони?

21 април 2022

Пролетта е тука. Тоа подразбира дека сезоната за балкон, тераса или дворче е отворена.

Ако сѐ уште не сте го осмислиле годинешниов декор за вашето омилено пролетно катче, ние сме тука да ви помогнеме со неколку супер креативни идеи.

Да ве потсетиме дека не секогаш мора голема инвестиција, за WOW ефект, туку идејата и креативноста имаат многу поголема улога, барем во овој случај.

Ќе започнеме со деталите. Интересни саксии, амбиентално светло, вашите омилени цвеќиња. Сосема доволно за пријатна атмосфера на балконот.

Доколку имате доволно простор, направете си мебел за седење од палети и декорирајте го со украсни перничиња.

Плетените детали оваа година се хит, па некоја плетена кошница, вазна или ламба, ќе додадат модерен шмек.

Креативните идеи на кои наидовме на Пинтерест навистина се фантастични.

Фото: Пинтерест

 

Објавено:
21 април 2022
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
2.412 пати