Моделот Синди Крафорд и нејзиниот сопруг се почестија со нов дом. Се работи за луксузен имот во местото Ла Кинта во Калифорнија, кој се простира на површина од преку 500 метри квадратни.
Имотот кој располага со четири спални соби и 4 1/2 бањи, односно тоалети, го купиле за 5.4 милиони долари, што е речиси два милиони помалку од првичната од 6.5 милиони. Цената се должи и на панормскиот планински поглед и тоа што е во близина на Коачела Долината.
Подовите се камени, има отворено уредување на внатрешноста што вклучува дневна соба со камин, трпезарија со стаклена винска витрина и современа кујна одделена од семејната соба со бар за појадок.
Во оваа квадратура спаѓа и базенот, како и голф теренот.
Гостинските соби се одделени во посебен, приватен дел, со спа бања, и фантастичен поглед од кревет.
Инаку, познато е дека двојката исто така има куќа на плажа во Малибу, која во моментов е на продажба, а почетната цена е 7.5 милиони долари.
Погледнете како изгледа новата куќа: