Празничен декор со потпис на „Диор“

29 ноември 2021

Францускиот бренд „Диор“ има и своја линија за внатрешно уредување. После чиниите за „Денот на благодарноста“, викендов прикажаа дел и од божиќната колекција насловена како „Митолошка ѕвезда“.

Tие ја најавуваат магијата во светли тонови во топла бела нијанса во комбинација со стакло. Ѕвездата како мотив, очекувано е доминантна, ја има и на чиниите и на чашите.

Во бело-златна комбинација се и лампионите. Целата естетика е нежна, минималистичка и секако луксузна.

И додека да ја прикажат целата колекција, погледнете дел од првите фотографии:

Објавено:
29 ноември 2021
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
514 пати