Сите неопходни услови за нормално секојдневно функцонирање, може да се организираат во 14 квадратни метри!

Ако ви звучи неверојатно, имаме пример со кој ќе ве убедиме дека навистина во мала квадратура може функционално да се сместат сите предмети што сочинуваат едно домаќинство.

Отворете го инстаграм профилот @tinymissdollyonwheels и таму ќе ве пречека една многу симпатична приказна сместена во мала монтажна куќичка.

Прагматичниот распоред и максималната искорстеност на просторот, овозможиле нормални услови за живот. Покрај функционалноста на овој дом, внимание е посветено и на фината естетика – сè е уредено внимателно и со вкус.

Како вам ви се допаѓа?

Објавено:
14 август 2019
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
1.100 пати