Ретрото е новото модерно, како во сферата на модата, така и во секој друг аспект на живеење, вклучително и домашното уредување. Па така, винтиџ столицата која претходно беше позната под името „Помаре", а сега е популарна по називот „Паун", повторно го наоѓа своето место во модерните ентериери.
Фото: Pinterest
Плетениот стол со невообичаено нагласен и декориран потпирач за грб неодоливо наликува на паун во моментот кога ќе ја рашири својата раскошна опашка. Оттаму и називот „Паун" на овој модел кој е исто така и познат како „Емануел" според истоимениот франциски филм од 70-тите.
Деталите на „Паун" столицата и нејзиниот старовремски шарм ја прави една од најпосакуваните парчиња мебел во современите ентериери, особено оние кои најмногу тежнеат по бохо стилот. Но овој модел совршено се вклопува и со други стилови на внатрешно уредување, а во оние наједноставните пак, оваа столица се истакнува како акцентско парче.
Фото: Pinterest
Нејзиниот дизајн буди носталгија кај многу луѓе, а денес можете да ја најдете во салоните покрај продавниците за половен мебел. Достапна е во класичен ретро стил, но исто така и во помодерни бои и материјали.
Фото: Pinterest
Погледнете како изгледа „Паун" во современите ентериери и можеби ќе се инспирирате да го збогатите вашиот дом со една од овие столици.
Фото: Pinterest