Доколку немате многу средства кои би можеле да ги инвестирате во уредување на домот, набавете детали – и тоа во тиркизна боја, бидејќи таа ќе внесе потребна живост и светлина во овие зимски сиви денови. Тоа може да бидат перничиња за софата, фотелја, украсни чинии, вазна, сет шолји...Било што што во суштина ви е потребно, а попат ќе биде и одлична декорација.


Ако планиравте да бојадисувате, архитектите на „Elena Luka Home" предлагаат да започнете со просторот во кој поминувате најмногу време. Само едниот од ѕидовите бојадисајте ја тиркизно, а останатете вклопете ги со него, бела, шампањ, бледо сива боја...погледот на тиркизниот ѕид ќе ја разбере секоја монотонија.

Сличен ефект можете да постигете и со килимот. Набавете си мал килим или стаза во тиркизна боја и ставете го во просторијата во која често одмарате. Топлото утринско кафе ќе би биде многу поголемо уживање кога ќе го испиете во весело окружување, какво што тиркизната боја прави од секој простор.

Тоа би требало да го направите и доколку имате многу темен ентериер. Но, ако веќе сте задоволни со килимот и мебелот кој го имате, внесете малку живост, на пример, до купување на силна сина боја.
Ако сакате пак да правите поголеми промени и да одвоите повеќе пари за уредување, бидете фантазри. Послужете се со идеја за еден син ѕид, но одете и корак понатаму – купете гарнитура во тиркизна боја.

Впрочем ве оставаме да уживате во прекрасниот ентерир на овој стан од „Elena Luka Home" каде што можете да уживате воедно и во минимализмот и фукнционалноста кој тој го пружа. Вистински тиркизен рај.

 

Објавено:
15 јануари 2016
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
6.651 пати