Трикови за добар проток на енергија во домот

26 јули 2017

Позитивната енергија во домот е еден од клучните фактори да се чувствуваме пријатно во просторот во кој поминуваме најголем дел од нашето време. Познатата кинеска филозофија за уредување на ентериерот и екстериерот, Фенг Шуи се однесува токму на моментот на постигнување хармонија, независно за каков простор се работи.

Добриот распоред и рационално уредениот простор се особено значајни кога се работи за дом со мала квадратура. Во овој случај, Фенг Шуи филозофијата има неколку мали трикови со кои ќе постигнете значајни ефекти:

Метални детали

Според Фенг Шуи, металот во домот носи ведрина, дисциплина, мир и свежина. Во просторот треба да го имплементираме во мали количини, како на пример мали декоративни предмети, а се препорачува ако во просторот каде живееме се чувствува зголемено ниво на стрес.

Цвеќиња

Есенцијални во сечиј дом се цвеќињата, пред се поради нашето здравје, но исто така и поради тоа што со нив стануваме поодговорни. Во просторот внесуваат свежина и секако, изгледаат убаво, доколку соодветно се грижиме за нив.

Ѕидови

Правилниот распоред на ѕидовите има значајно влијание врз добриот проток на енергијата во домот. Мрачни и депресивни уметнички дела, треба да се избегнуваат во спалната соба, додека во остатокот од домот, ѕидовите може да се декорираат со уметнички мурали, слики што евоцираат радост или со високи растенија.

Таван

Таваните во домот според оваа филозофија, се препорачува да бидат бели затоа што така создаваат чувство на поголем простор и бесконечност.

Фото: Пинтерест

Објавено:
26 јули 2017
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
1.724 пати