По само една година откако се всели, поп ѕвездата Селена Гомез веќе ја продава својата раскошна куќа лоцирана во калифорнискиот Studio City.

Токму тоа е и причината поради која се објавени фотографиите од прекрасниот дом на пејачката, чија цена достигна до солидни 2.799.000 долари.

Во ентериерот проевладува смирена, хармонична атмосфера проследена со доминантно природна светлина и претежно ненаметливи, земјени нијанси и пастелни тонови.

Куќата има три спални соби, три купатила, две пространи дневни соби, како и фантастична кујна.
Екстериерното уредување воодушевува исто како и ентериерното. Заедно со базенот има и спа центар, како и теретана и просторија за вежбање јога.

 

Објавено:
8 јуни 2018
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
463 пати