Арон Пол и Џош Хартнет се дел од актерската екипа на шестата сезона на „Black Mirror“

15 јули 2022

По три години од последните објавени епизоди, конечно возбудливи новости за фановите на научно-фантастичната хорор антологија на Netflix, „Black Mirror".

Фото: nme.com

Откако беше потврдено дека серијата ќе добие и своја шеста сезона, деновиве беше објавена и актерската екипа што ќе се појави во новите епизоди, а истата вклучува и некои прилично големи имиња како Зази Битз, Паапа Есиеду, Џош Хартнет, Арон Пол, Кејт Мара , Дени Рамирез, Клара Ругард, Оден Торнтон и Ањана Васан.

Фото: Wikimedia

Фото: Getty

Оваа обемна актерска екипа, особено звучните имиња на Хартнет и Пол, претставуваат некакво ветување дека шестата сезона ќе воодуешеви со одлична глума. „Black Mirror" има историја на одличен кастинг, па така во 5-тата сезона се појавувија Ендрју Скот, Ентони Меки, Јахја Абдул-Матин II, Тофер Грејс и Мајли Сајрус кои добија мноштво позитивни коментари. Се очекува дека и новата актерска екипа ќе го потврди успехот на серијата.

Иако засега не се познати други детали за шестата сезона на „Black Mirror", од потврдени извори се знае дека ова продолжение ќе таре значително подолго од претходните.

Објавено:
15 јули 2022
Категорија: 
Култура
Прочитано:
85 пати