„Баланс“ слави 17-ти роденден во Сектор
•
13 јули 2017
Култната македонска музичка продукциска куќа „Баланс" утревечер (14-ти јули) го прославува својот 17-ти роденден во ноќниот клуб Сектор.
По тој повод, со свои диџеј сетови ноќта ќе ја заокружат познатите диџеи Самоил Радински, Александар Мискоски, Маци, Оги и Томи Бојаџи.
Огнен Узуновски – Оги заедно со Самоил Радински, Иван Тодоровски и Смилен Димитров во 1999 година, ја формираа промотерската куќа „Баланс" која донесе нов и урбан дух во ноќниот живот во Македонија, со фокус на електронската сцена.
Првата журка што ја организираше „Баланс", која остана запаметена како легендарна, беше во 2000-та година во Охрид, со настапот на познатиот диџеј Дерик Меј.