Новогодишните и божиќните празници се одлична можност да се подарат прекрасни и уникатни ракотворби, призводи од македонски занаети, уметности и креации.
По тој повод на 9-ти декември во Public Room ќе се одржи DMWC Бaзар под наслов "Во ритамот на македонски традиционални занаети и креации".
На базарот ќе бидат изложени рачно плетени производи за деца и возрасни, рачно плетени дамски чанти, персонализирани чанти и шапки, плетени детки играчки, производи за домаќинство, новогодишни украси, производи од стакло, восок, рачно изработен накит, филигран и друго.
Ќе учествуваат 35 жени и неколку претставници на машкиот пол од ранливи категории од градовите Скопје, Струмица и Струга, кои за четири месеци успешно ги надградија своите мануелни вештини.
Со поминати четири месечни обуки во шиење, плетење и везење тие подготвија дизајни, кои беа реализирани од проектот "Платформа за женско семејно претприемништво" со поддршка на Амбасадата на Словенија, а во имплементација на здружението Dobredojde Macedonia Welcome Centre.
Базарот којшто е спој на македоската традиција и женското претприeмништво, ќе биде отворен oд 10 до 17 часот.