Шармантното италијанско езеро Комо секогаш било туристичка атракција која постојано ги враќа назад оние кои веќе еднаш го посетиле. Околните места, распределени како приказни од сликовница по неговото крајбрежје, постојано имаат нешто ново да ви кажат и откријат, па оттука и нивната магична привлечност.
Белаџо е едно од таквите магични гратчиња, со сите свои бои и мириси, распослани покрај езерото Комо.
Препознатливо по прекрасните вили во класичен стил и волшебните градини, од кои голем дел отворени и за јавноста, ова туристичко место е едно од најпосетените на езерото Комо.
Шармантниот пејсаж во пастелни бои, тесните романтични калдрми помеѓу елегантните ресторани, мирисите на традиционална храна – сите обележја на Италија тука ги имате на дланка.
Независно каква е вашата замисла за идеален одмор, дали едноставно сончање на брегот или активно пешачење и посета на бројните културни знаменитости, Белаџо ги нуди сите можности, патем проследени со фантастичен поглед каде и да се свртите.
Фото: Инстаграм @blogsognoitaliano