Библиотеката Аби во Австрија е реплика на дизниевата анимација во Убавицата и ѕверот

26 декември 2023

И кога помисливме дека бајките се само бајки, на Инстаграм наидовме на една книжарница во Австрија, која што е реплика на онаа од магичната приказна за Убавицата и ѕверот.

Оваа величенствена манастирска библиотека, наречена Аби, се наоѓа во градот Адмонт и е вистинско барокно ремек дело. Изградена е во далечната 1776, а нејзината привлечност лежи во пространоста.

Долга е 70 метри, а висока дури 13, што ја прави најголемата манастирска библиотека во светот.

Таванот се состои од седум куполи украсени со раскошни фрески. Во внатрешноста има бронзени скулптури коишто прават совршен контраст со белата и златната боја коишто преовладуваат.

Библиотеката стана многу популарна во последните три години откако беше примовирана и на друштвените мрежи и сега е едно од омилените места за Инстаграм фотографии.

Во Аби може да најдете над 1400 дела и повеќе од 900 инкунабули (првите испечатени дела до 1500 година)

Библиотеката може да се посети и со водич а цените се движат од три па сè до 18 евра.

Објавено:
26 декември 2023
Категорија: 
Култура