Daily Food & Wine: Место каде се среќаваат вкусната храна и доброто вино!

7 декември 2016

Во топлиот амбиент на трговскиот центар Зебра, ќе најдете едно место каде ќе се чувствувате како дома. Daily Food & Wine на Тинекс е новото урбано катче во градот каде сите гурмани ќе можат да уживаат во вкусната храна и доброто вино.

Иако почна со работа од неодамна, за многу кратко време стана препознатливо и совршено место за семејни ручеци, состаноци во текот на работното време или пак долги разговори со пријателите.

Она што го прави ресторанот Daily Food & Wine толку посебен е топлината со која зрачи веднаш штом ќе влезете од вратата.

Насмеаниот и секогаш расположен персонал ќе излезе во пресрет на секоја ваша желба, а од кујната ќе ги добиете најубавите деликатеси што можете да си ги замислите.

Кога на истите ќе додадете и чаша добро вино, тогаш ја имате добитната комбинација што ни е единствено потребна за расположение.

Во период кога температурите паднаа под нулата и во време кога во ек се подготовките за новогодишните празници, магичниот и топол амбиент на Daily Food & Wine ќе направи да се чувствувате посреќни од кога и да е.

Фантастичниот и посебен ентериер на ресторанот, деновиве надополнет и со празничните украси, се вистинското нешто што ви е потребно да избегате од секојдневието и обврските што ве чекаат на крајот од годината.

Тимот на Daily Food & Wine ве кани да го почнете денот со нивните здрави и вкусни напитоци направени од квалитетни и секогаш свежи намирници од природата, да земете здив и да се подготвите за денот што ве чека.

Уживајте во претпразничната магија во одличен амбиент, неодолива храна и супер друштво во новото омилено место во градот!

*Спонзорирана објава

Објавено:
7 декември 2016
Категорија: 
Култура
Прочитано:
2.276 пати