Дејвид Боуви ќе добие свој центар во лондонскиот музеј Викторија и Алберт

28 февруари 2023

Дејвид Боуви ќе добие свој посебен центар во рамки на лондонскиот музеј Викторија и Алберт, кој што ќе вклучи повеќе од 80.000 предмети од кариерата на легендата.

Планирано е центарот да биде отворен за јавноста во 2025 година, а фановите ќе можат одблиску да посведочат и на многу лични парчиња од импресивниот живот на Боуви.

Неговата животна патека го однесе на многу места, актер, музичар, модна икона, а како што многумина ќе се согласат Дејвид самиот по себе беше уметност.

Во својата музичка карира што се протегаше речиси шест децении, тој беше поим за се што е кул, додека самиот негуваше израз на аутсајдер.

Во колекцијата ќе има писма, костими, фотографии, музички видеа, филмови, музика, инструменти, уметнички дела, награди и секако мода.

Боуви почина во 2016 година, два дена откако наполни 69 години.

Фото: Facebook

Објавено:
28 февруари 2023
Категорија: 
Култура
Прочитано:
62 пати
Тагови: 
Дејвид Боуви