„Моите родители одлучија да отворат „тезга“ пред нивниот дом и да нудат бесплатни производи“, вели Тери Гал од Кливленд, која додава дека идејата ја добиле откако во предниот двор разменувале со соседите кутии со книги.
Таа била воодушевена од нивната идеја, но мислела дека нема да трае долго. Сепак, споделила фотографија на Imgur мрежата и се изненадила од одзивот.
„Мислев дека некој ќе земе сè што му требе и ќе си замине или ќе ја упропасти тезгата“, вели Тери, но напротив, луѓето биле воодушевени од оваа акција и почнале да донираат производи.
„Сите производи се бесплатни, за оние луѓе на кои им се потребни и кои немаат. Тезгата е отворена 24/7, без разлика дали врне или сонце грее. Наминете и видете дали нешто ви е потребно, или пак можете нешто да донирате“, повикува таа.
Во контекст на тоа, додава дека се примаат донации само за есенцијални продукти - храна, пијалоци, пелени, марамчиња, средства за дезинфекција, производи од хартија, храна за миленичиња и производи за лична хигиена. Меѓу популарните и барани производи се мајонез, сода, сок, чипс и други грицки, шампони, компири...
Одлична идеја, а уште пофасцинантно е што успева со добра волја, солидарност и чесност!