Дружете се со Омајгад на „Д Фестивал“

4 јули 2016

Летната фестивалска сезона започна, а на наше големо задоволство првите позитивни вибрации веќе ги чувствуваме од Дојран, каде традиционално и оваа година од 15 до 17 јули, по шести пат ќе се одржи урбаниот фестивал „Д Фестивал".

Покрај богатата музичка програма на фестивалот на кој и оваа година ќе настапат навистина звучни имиња како: Чиста Околина, Роџер Санчез, Фолтин, Дубиоза Колектив, Sigma, Goldie, Бернејс пропаганда и уште многу други, ќе може да се забавувате и да стекнете нови креативни искуства заедно со креативниот тим на #Омајгад со кои ќе имате шанса да дизајнирате ваша уникатна маичка, како и да научите нешто повеќе за дизајнот на маици.

„И оваа година, Д ФЕСТИВАЛ повторнo ги поставува своите шатори на дојранското крајбрежје и на своите посетители им нуди многу повеќе од само атрактивна музичка програма, овозможувајќи им воедно да уживаат и бидат дел од уникатната атмосфера, создавајќи едно несекојдневно искуство кое ги брише сите изговори за поделба и нетрпеливост. Веќе шеста година по ред со континуиран раст овој настан ја зацврстува својата традиција и како референца за најспецифично музичко соединување кое привлекува повеќе од 10.000 посетители дневно. Но, Д ФЕСТИВАЛ не е само фестивал, туку настан со силна порака и своевидно движење за позитивни општествени промени и стимулирање на еволуцијата на човечката свест, користејќи ги креативните индустрии и врвните глобални уметнички случувања, како начин за пренесување на универзалната порака за љубов и слобода", велат организаторите.

Уживајте во урбаното музичко лето!

Објавено:
4 јули 2016
Категорија: 
Култура
Прочитано:
167 пати