Кери Грант актерска легенда

Двојниот живот на Кери Грант

19 мај 2017

Една од најголемите филмски легенди на Холивуд со главни улоги во своето актерско портфолио за волја на вистината бил бескрајно несигурен, неподносливо згоден и софистициран. Сите негови врски во љубовта ќе завршат несреќно поради една причина - несреќно детство.

 

Документарецот  „Becoming Cary Grant“ чија премиера се очекува кон крајот на овој месец, го открива неговото проблематично минато и отсуството на неговата мајка во детството.

„Бев опкружен со безброј жени, привлечни, секси, убави, умни, но никогаш не умеев да се приврзам за нив, ако сакав да им покажам дека нешто ми значат тогаш се женев со нив“.

Кери Грант е роден во Велика Британија, татко алкохоличар, мајка која била прекумерно заштитнички настроена, но со ментални проблеми. Имал само 11 години кога неговата мајка Елса ќе исчезне, се претпоставува покрај крабрежјето, а неговиот татко ќе се прежени со друга во Америка и ќе формира ново семејство.

Првата жена на Кери Грант, Вирџинија Черчил

Вистинското име на Кери Грант е Арчибалд Лич кој ја започнува својата актерска кариера како актер во водвиљи и тоа во патувачки театар во Америка. Ќе поминат 20 години кога тој ќе открие дека мајка му е жива, но сместена во инстутуција за ментални болести во Бристол.

Кери Грант за Мерилин: Никогаш не знаев како да се однесувам со неа 

Во овој документарец за прв пат ќе бидат обајвени домашни видео снимки, фотографии од детството, почетоците на неговата кариера...

За неговата мајка Кери Грант ќе каже: Мојата мајка беше специфична, темнокоса убавица.

Неговиот постар брат ќе почине пред тој да се роди, раскажувајќи дека мајка му случајно му го стиснало палчето со вратата, се развила гангрена и малото починало. После таа несреќа мајка му кон Кери станала премногу заштитнички поставена, го облекувала и во фустанчиња, па Грант ќе се пошегува дека долго време не знаел дали е машко или девојче.

Барбара Хатон е жената за која Грант вели дека имале сосема спротивни размислувања

„Еден ден се вратив од училиште и мајка ми не беше дома. Моите братучеди ми реко дека отишла да се одмори во некој хотел, на море. Ми се пристори чудна приказната. Знаев дека ме напушти, ми остави огромна тага и празнина, но некако длабоко во себе чувствував дека ме одбиваше од неа. Најдов утеха во водвиљот (комедија на ситуации) и на тој начин фанатазирајќи си дека имам среќен живот, исполнет живот“.

Тоа што добро изгледал само му помогнало повеќе да ги добие главните улоги на Бродвеј и не поминало долго време кога тој ќе добие понуда за филмска аудиција во Холивуд. Го менува името од Арчибалд во Кери и почнува да снима романтични комедии. Неговата несигурност никогаш не го напуштила. Една од неговите љубовници ќе изјави дека ниту знаел да даде емоции ниту да прима. Вирџинија Черчил е само една од актерките со која бил и која ќе го напушти затоа што бил насилен. На сето ова Кери Грант ќе изјави: Мојот страв дека можам да ја загубам онаа која ја сакам се претвораше во посесивност.

Неговиот татко умира во 1935 година од премногу алкохол, а после неговата смрт тој ќе ја префрли мајка му од ментална институција во дом за згрижување со посебна нега и многу ретко, скоро никогаш не се доверувал на своите жени, пријатели што точно се случува со неговата мајка. Таа му пишувала писма обраќајќи му се со Арчи во кои таа пишува колку се гордее со него. Никогаш не станувало збор да ја префрли кај него во Америка и покрај желбата на неговата мајка како сакала да биде поблиску до него. Пријателите на Грант се сеќаваат дека неговите средби со мајка му Елса биле без некои особени изливи на емоции или љубов од двете страни.

Бетси е жената која ќе го вовлече во ЛСД авантурата                                        

На своја 31 годишна возраст Кери Грант ќе почне да експериментира со ЛСД таблети за да се отвори и да се разбере самиот себеси, така барем зборува Грант во документарецот. Во меѓувреме ќе продолжи да ги повредува жените кои ги сака. Следната сопруга е Барбара Хатон наследничка на Вулворт империјата со 50 милиони долари. Ги нарекувале 'Cash and Carry' од страна на Холивудските озборувачи, но тие немале ништо заедничко. Таа не го сакала Холивуд и инсистирала на социјализација во нејзиното опкружување. Тој ќе сними пет филма за три години колку и траел нивниот брак.

„Се сомневам дека некогаш сум ја разбирал Барбара. Нашето потекло, култура на живеење, се разликуваше“, вели актерот.

Џенифер неговата петта жена


Бетси Дрејк е третата сопруга кој ја запознава на едно крстарење низ Европа и многу бргу се вљубуваат и стануваат неразделни.Таа била 19 години помлада од него и како што Кери ќе изјави, таа го разбудила убавото кај него, читал повеќе, се едуцирал многу повеќе од порано.

„Таа беше причината поради која открив колку болка ми има нанесено мајка ми и тоа е причината зошто јас ги повредував сите жени кои беа со мене. Да, преку стотина пати сум користел ЛСД и некако ми ги разбистри мислите. Бетси го провоцираше тоа во мене. Ми требаше многу време да разберам што е љубов, да научам за љубовта“, додава тој.

Покрај документарецот во истиот период излезе и биографијата на култниот дизајнер и трикратниот добитник на Оскар, Ори Кели каде тој го опишува Кери на почетокот на нивните кариери во Холивуд како човек без скрупули, открива дека тие двајца биле во врска со години и дека Кери Грант водел двоен живот.

                                     

„И покрај неговата опсесивност кон русокосите, тој секогаш се враќаше дома кај мене“, вели Ори Кели кој ќе ја открие и врската на Кери Грант со Рендолф Скот и која траела 12 години.

Кери Грант со Рандолф Скот

                                     

Кери Грант се обликувал себеси извонредно добро како голем љубовник во Холивудската хомофобична индустрија. Ори Кели ќе кажува  дека Грант го прикривал сето тоа само за да успее во Холивуд.

Ори Кели

                                                   

За разлика од него, овој генијален дизајнер со 285 костимографии во својата кариера никогаш нема да ја сокрие сопствената сексуалност.

Ори Кели за Мерлинка: Посреќен ќе бев да облекував некој хот дог отколку неа 

Кери Грант на крајот од денот е актерот кој прв ќе проговори за халуциногените дроги, ќе има насилнички однос кон своите пет жени, ќе има мажи во својот живот и никогаш нема да се откаже од својата хомофобичност. Неговото име и дело имале иста цел, да се успее во Холивуд без разлика за цената која требал да ја плати. Кери Грант убавец, шармер со демоните кои во ниту еден момент не го напуштиле.

Бејбимама

 

Објавено:
19 мај 2017
Категорија: 
Култура
Прочитано:
814 пати