Џоан Дидион писателката со скршено срце

30 октомври 2017

Возможно е никогаш да не сте слушнале за Џоан Дидион, но можеби ја имате забележано во кампањата за модниот бренд „Селин“ од 2015 година. Тогаш таа имаше 80 години и имаше дискусии дали требаше или не да се појави, но Фило точно знаеше што прави и која е крајната цел.

Џоан Дидион е првенствено писателка, авторка на неколку романи, есеи, сценаристка и поранешна уредничка на американскиот „Вог“. За неа сите зборуваат дека е пионер на новиот бран на новинарство и една од највлијателните американски писателки, наградувана неколку пати. Во 2013-та претседателот Обама ќе ја одликува со национален медал за уметност и хумани науки. Таа го привлече вниманието со првата збирка на есеи "Slouching Toward Betlehem" во 1986 година, во кои го опишува животот во Калифорнија во шеесетите години, нејзините навики, начинот на живеење, облека, манири, исхрана.

Сето ова го има во документарниот филм кој ја имаше својата премиера на „Нетфликс“ пред три дена. Кога е таа уредник во „Вог“ , во тој период го запознава својот иден сопруг, Џон Грегори Дан, кој пак работел за „Тајм“. Во 1966 година ја псовојуваат ќеркичката Квантана Ро Дан. Многу краток период после тоа, Џоан ќе доживе нервен слом кој го има документирано во своите есеи "The White Album", а после вештачењето ѝ е дијагностицирана вртоглавица, но и мултипл склероза. Ништо нема да ја спречи во понатамошниот тек во нејзината кариера, чекорела жестоко и самоуверено. Во 2003 година ѝ се случуваат две трагедии.

Ќерката се разболува од воспаление на гради, кое ќе резултира со кома, а сопругот ѝ доживува фатален срцев удар.

Многу кратко после смртта на сопругот, ќе почине и ќерката и тоа токму во времето на промоцијата на нејзината книга"The Year od Magical Thinking". Живее во Њујорк, а документарецот се бави со нејзината општествена, политичка , културолошка улога , интервјуа со разни соработници.

Некои од учесниците во филмот опишуваат како секое утро се симнувала во дневната соба, со црни големи наочари за сонце, седела во тишина, молчела и секое утро пиела ладна кока-кола и грицкала само бадеми.

Постои приказна дека Ворен Бити сакал на сите забави да седи само до неа, затоа што бил исклучително заинтересиран за неа. Она што е забавно како податок е дека, нивната дрвена тераса во куќата на Малибу ја изработил Харисон Форд и тие често го викале на нивните забави на кои биле присутни Спилберг, Натали Вуд, Мартин Скорцезе.

Во филмот ја интервјуира нејзиниот внук, кој е актер и син на големиот новинар и писател Доминик Дан. Во овој документарец Џоан е претставена како кршлива, мистична, со скршено срце.

Лик кој ќе ве освои!

извор фотографии Vanity Fair

 

Објавено:
30 октомври 2017
Категорија: 
Култура
Прочитано:
424 пати