Џозеф (88) и Силвија (82) со својот танц го освоија „ТикТок“

18 декември 2020

„ТикТок“ е платформа на која ќе наидете на многу непотребни и бизарни работи, но во тоа море на видеа, има и неколку мошне позитивни и вредни за внимание.

Токму такви се и оние на 88-годишниот Џозев и неговата 82-годишна сопруга Силвија.

Профил на ТикТок отворила нивната ќерка Џеки, а таму ги пласира видеата од нивните танци, кои се мошне симпатични и шират позитивна енергија баш во време кога тоа ни е на сите потребно.

Доказ за тоа е и бројката на луѓе кои уживаат гледајќи ги - преку 170 илјади луѓе го следат профилот на Џеки.

Видеото на кое играат на песна од Елвис е прегледано повеќе од 8.4 милиони пати.

И доколку денеска се почувствувавте изморено, нерасположено и без волја за било што, тогаш погледнете ги овие луѓе кои и во деветтата деценија од животот блескаат со ентузијазам, веселост и желба за живот. Ќе ви ја сменат перцепцијата веруваме, макар на момент:

@jackiebroadbent1

 

Blueberry Hill - Fats Domino

 

@jackiebroadbent1

 

Proud Mary - Ike And Tina Turner

 

@jackiebroadbent1

 

The Golden Girls - The Main Title Theme - TV Themes

 

@jackiebroadbent1

 

original sound - Rob Gomez

 

 

Објавено:
18 декември 2020
Категорија: 
Sweet 40+
Прочитано:
786 пати