Убава вест доаѓа од светот на културата.
Филмот „Сестри“ на младата режисерка Дина Дума од овој петок ќе може да се гледа и на „Нетфликс“. Ова е прв македонски филм што ќе се прикажува на споменатата платформа, а информацијата ја потврди и режисерката.
„Да, точно е. Можам и официјално да потврдам дека „Сестри" е прв наш филм што ќе се прикажува на „Нетфликс". Идејата за „Сестри" се роди пред пет години и со тоа започна и процесот на пишување на сценариото - изјави Дума за сајтот fakulteti.mk.
За потсетување, светската премиера на остварувањето се случи во август годинава на Филмскиот фестивал во Карлови Вари, додека пак, македонската премиера беше в о рамки на Фестивалот за филмска камера „Браќа Манаки“ во Битола.
„Сестри“ е годинашниот македонски кандидат за „Оскар“ за најдобар меѓународен филм.
За оние што немаат „Нетфликс“, а сепак сакаат да го погледнат филмот, можат да го сторат во кино „Милениум“, каде се прикажува од 16 декември.