Филмски хит во најава - Бредли Купер и Лејди Гага заедно на филмското платно

7 јуни 2018

Холивудскиот актер Бредли Купер го остварува своето режисерско деби, со новиот филмски хит во најава „A star is born". Се работи за трет по ред римејк на познатата приказна од 1937 година на режисерот William A. Wellman. Овој пат главните улоги ги толкуваат самиот Бредли Купер и сензационалната поп ѕвезда Лејди Гага.

Трагичната сторија го вклучува односот помеѓу познат музичар, ѕвезда на залезот од кариерата и млада, перспективна пејачка чија кариера е во подем. Филмот е фокусиран на нивната комплицирана, но релација исполнета со неверојатна хемија.

Во филмот ќе имаме можност да го слушнеме Бредли и како пее, се разбира покрај Лејди Гага.

Со нетрпение го очекуваме октомври за кога е најавена и премиерата на филмот.

 

 

Објавено:
7 јуни 2018
Категорија: 
Култура
Прочитано:
357 пати