Германците одлучија: Џамбо Агушев го има најдобриот албум на светот за 2020

22 август 2020

Во морето сериозни, загрижувачки и стресни вест, пристигнува една убава и музичка.

Музичарот Џамбо Агушев на социјалните мрежи го сподели задоволството и радоста што неговиот албум „Brasses for the masses“ е прогласен за најдобар на глобално ниво за 2020 година.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Dzambo Agusevi Orchestra (@dzambo_agusevi_orchestra) onAug 14, 2020 at 10:00am PDT

 

Ова признание доаѓа од „German Record Critics Award“. Инаку, ова е трето признание за албумот на светско ниво.

„Многу сум среќен! Сакам да ја споделам оваа прекрасна вест со сите вас. Мојот албум повторно е награден со престижната награда „German Record Critics“, како најдобар албум во светот во 2020 година. Секако, ова е награда и за мојата Македонија, која ја претставуваме секаде низ целиот свет. Ви благодарам на сите за вашата неверојатна поддршка, верувајќи во мене и мојот оркестар!“, напиша музичарот на социјалните мрежи.

 

Објавено:
22 август 2020
Категорија: 
Култура
Прочитано:
485 пати
Тагови: 
Џамбо Агушев