Глобалното загадување прикажано низ седумдневен проект

13 јули 2014

Проблемот со глобалната полуција не загрижува сите, но ретко кој превзема конкретен чекор за да се насочи вниманието кон загадувањето. Калифорнискиот фотограф Грег Сегал направи шокантна серија фотографии со наслов „7 Days of garbage“ со која насочува за проблемот од ѓубрето кое се собира на дневна база. Резултатот е портрети на поединци и  фамилии со различен општествен статус ,кои позираат во ѓубрето кое го направиле за седум дена.

„Целта ми беше да го насочам вниманието кон големите количини ѓубре кои човекот ги создаа на дневна база, а кои не се нужно. Можеби луѓето на овој начин поинаку ќе ја сфатат ситуацијата со глобалното загадување“ – изјавил Грег.

Објавено:
13 јули 2014
Категорија: 
Култура