Како што сѐ повеќе се развива дигиталната револуција, фотографиите на Хелмут Њутн постигнуваат неверојатна цена, преку неговата едноставност, запрепастувачка композиција, подеднакво влијателна како во уметноста така и во еротиката. Ако ве води патот кон Амстердам, на 17-ти јуни се отвори изложба, голема ретроспектива на овој генијален фотограф, каде ќе бидат изложени повеќе од 200 фотографии, почнувајќи од најраната фаза која ретко кој ја има видено, па сѐ до оние монументални фотографии кои припаѓаат на Фондацијата Њутон во Берлин. Изложбата ќе биде отворена до 4-ти септември.
Влијанието на 1970-тите години Њутон го раскажува преку оние совршени модели, со стилето потпетици, претставувајќи ја на тој начин социјалната радикализација и моќта на жената. Без разлика дали се облечени или голи тие претставуваат божество за него. Тој се етаблира и како исклучителен портретист кој соработува со најголемите имиња од спортот, музиката, политиката, актерството. Да бидеш фотографиран од Њутн претставувало ултимативен доказ за постоењето во тој период.
Дел од фотографиите погледнете во продолжение: