Ретро естетиката е популарна во модната индустрија, во ентериерното уредување, но и во светот на фотографијата.
Иако технологијата оддамна нè запозна со дигиталниот свет, сепак има некоја посебна магија во аналогното доба за која особено се љубопитни милениумците.
Сигурно веќе сте забележале дека во последно време на Инстаграм вистински хит се фотографиите со ретро призвук што нè враќаат назад во 90-те години.
За тоа е заслужна популарната апликација Huji Cam, со илијадници превземања и со оценка 4,4 на Play store.
Преку играта со светло и контрасти, со помош на оваа апликација ќе создадете фотографии со автентични ретро вибрации.
Единствено како недостаток на оваа апликација може да се препише тоа што со истата не може да се обработуваат веќе постоечки фотографии во вашата архива.
Фото извор: Инстаграм, Пинтерест