Од тој аспект, спојот на двете сфери во една сосема поинаква комбинација може да го направи само индивидуа чија креативност придонесе да има една од најпосетените страни на интернет просторот. Крис Релас, 19 годишен Американски студент реши да се спротивстави на тврдењето дека модата е веќе исцрпена, монотона и досадна сфера и дека нема ништо ново да понуди. Тој направи профил на Инстаграм со наслов „Copylab“, на која прави спој на познати историски уметнички дела со модни парчиња и додатоци од светски познати модни куќи, како на пример Фрида Кало како носи очила за сонце.
„Голем дел од луѓето ја ценат уметноста, но не го споделуваат истото мислење и за модата. Тоа е голема грешка бидејќи постои голема поврзаност меѓу нив. Исто така, мислам дека луѓето треба да ја видат и смешната страна на уметноста бидејќи хуморот е голема компонента во целокупниот впечаток. Јас никогаш не им пристапувам сериозно на работите“ – изјавил Крис за својот нов проект, кој му донесе голем број следбеници на Инстаграм.