Со илјада причини повторно на публиката да и приредат концерт за паметење, најпопуларната македонска поп-рок група Нокаут, за утре(среда) во 20 часот го најавува анплакд концертот со кој ќе ја заокружат 2014-та година. На сцената на Универзална сала заедно со Пере, Франц, Виктор, Благоја, Горјан, Бојан, Борече, ќе се приклучат и нивните колеги и пријатели: Игор Џамбазов, Мио, Тони Зен и Last Expedition, за да ги отпеат големите нови и стари хитови и емотивно да на разнежнат со стихови и импровизации. Верните обожаватели на Нокаут уште пред одржувањето на концертот покажаа дека само една поинтимна музичка средба нема да биде доволна за задоволување на сетилата. Токму поради таа причина момците го прифатија предизвикот за втор концерт и следниот ден, се со цел музичкото доживување да биде овозможено на големата публика.
Сигурно се сеќавате на анплакд концертот во 2007 година, кога сличната музичка постава изведе концерт во кој и ден денес уживаме слушајќи го. Подеднакво кулминативен беше и концертот во 2011 година кога повторно пропатувавме во временската машина на Нокаут, која не однесе длабоко до емоциите предизвикани од одличните нумери. Топло ви препорачуваме да бидете дел од концертот и да поминете неколку часа слушајќи и уживајќи во музика раскажана со многу посветеност.