„Иван се враќа дома“ од 16 до 23 септември

5 септември 2017

Еден од најреномираните московски театри „Мастерскаја П. Фоменко", од 16 до 23 септември, на сцената на МНТ, ќе го прикаже фестивалот на претстави од режисерот Иван Поповски – „Иван се враќа дома". Ова ќе биде прва можност и македонската публика да ги види театарските спектакли во режија на Поповски, кои предизвикаа огромен интерес кај руската, но и кај европската публика – „Сон на летната ноќ" од Вилијам Шекспир (2015), „Алиса зад огледалото" од Луис Керол (2010) и „Отровната туника" од Николај Гумиљов (2002).

„Иван се враќа дома" е прв домашен фестивал на претстави од македонскиот театарски режисер Иван Поповски, кој повеќе од 25 години живее и работи во руската престолнина Москва.

Претставите што ќе бидат прикажани на фестивалот се претстави од голем формат, со високобуџетни продукции, во кои учествува елитна театарска екипа, кои ја одушевија критиката, освоија многу значајни театарски награди и признанија и имаа исклучителен прием кај публиката. За нив постојано се бара билет повеќе, иако некои се на репертоарот и по многу години.

Распоред на претставите:
• „Алиса зад огледалото" (возраст 7+) 16 и 17 септември, 18:00 ч.
• „Отровната туника" (возраст 16+) 19 и 20 септември, 20:00 ч./ПРЕТСТАВАТА Е РАСПРОДАДЕНА
• „Сон на летната ноќ" (возраст 12+) 22 и 23 септември, 20:00 ч.
Претставата „Отровната туника" која ќе се игра на 19 и 20 септември, 20:00 ч. е распродадена, а за остантите претстави има мал број на билети, а билетите за претставите може да се купат на билетарницата на МНТ и во онлајн-продажба на www.kupikartizase.com

Објавено:
5 септември 2017
Категорија: 
Култура
Прочитано:
430 пати