Ретроспективна изложба на Петар Мазев

1 ноември 2017

Националната галерија на Македонија, Министерство за култура на Република Македонија и Фондацијата „Илија Камчев" имаат чест и особено задоволство да Ве поканат на отворање на ретроспективната изложба „Петар Мазев, 90 години од раѓање"


Даут пашин амам
Четврток, 2 ноември 2017 година
20:00 часот

Петар Мазев е еден од најистакнатите претставници на македонското современо сликарство. Со оглед на неговото големо значење и силниот и препознатлив белег кој беше инспирација за многу нови генерации ликовни автори, а земјаќи во предвид дека и веќе подолг временски период не е присутен на македонската ликовна сцена, и покрај парцијалните претставувања на дел од неговото творештво во перидот од неговата смрт до денес, проектот како јубилејно одбележување на 90 години од неговото раѓање всушност ќе вклучи еден своевиден пресек на неговото творештво, како потестување на неговото исклучително значење за современата македонска ликовна уметност.

Роден 1927 година во Кавадарци. Завршил Ликовна академија во Белград во 1953 година кај професорот Зоран Петровиќ. Бил професор на Факултетот за архитектура во Скопје, Република Македонија.

Значајно е да се напомене дека бил главен иницијатор за формирање на Факултет за ликовни уметности во Скопје. Петар Мазев е еден од најзначајните автори на македонската современа ликовна уметност.

Објавено:
1 ноември 2017
Категорија: 
Култура
Прочитано:
348 пати