Јубилејна 50-та изведба на „парите се отепувачка“

5 мај 2015

Вечерва со почеток во 20 часот на малата сцена во Македонскиот народен театар ќе биде одиграна 50 изведба на претставата „Парите се отепувачка“, надридрама инспирирана од драмата на Ристо Крле и романот Деветта конфигурација на Вилијам Питер Блативо во режија на Бојан Трифуновски.

Претставата премиерно беше одиграна на 03 декември 2011 година, а минатата година, гостуваше на Меѓународниот театарски фестивал ФИАТ во Подгорица, Р. Црна Гора како и на Денови на МНТ во Кратово и Струга - по повод 115 години од раѓањето и 40 години од смртта на Ристо Крле.

Во претставата играат: Драгана Костадиновска – Барбара/Мара, Славиша Кајевски – Јован/Анѓеле, Софиа Насевска Трифуновска – Хана/Ката, Гораст Цветковски – Митре/Владимир.

 

Објавено:
5 мај 2015
Категорија: 
Култура