Ќе посакате да пиете кафе или чај од овие филџани ако сте фан на скандинавскиот стил

14 јануари 2022

Ако преферирате минималистички, а истовремено необичен дизајн, инспириран од скандинавскиот стил, тогаш голема е веројатноста дека ќе посакате да пиете кафе или чај од овие филџани.

Се работи за керамички шолји за кафе или чај, во неутрални тонови или суптилни дезени, со пренагласени детали, кои се актуелни кај вљубениците во скандинавската естетика.

Зад нивната изработка се потпишуваат различни дизајнерски студија, но она што ги поврзува е врвната естетика и фунскционалниот минимализам.

Изгледаат толку добро, што може да ги користите и како декоративни елементи што ќе ви го разубават ентериерот во домот.

 

Објавено:
14 јануари 2022
Категорија: 
Култура
Прочитано:
1.204 пати