Кога уметноста ќе се вмеша во индустриската градска зона...

25 август 2014

Неверојатните бразилски „улични“ артисти близнаците Os Gemeos, ја украсија индустриската зона на градот Ванкувер со нивните неверојатни уметнички способности!

Имено, станува збор за шест силоси што се сместени на островот Гренвил во индустриската зона во Ванкувер, Канада.

За да ја остварат својата неверојатна замисла на близнаците им биле потребни 3.000 канти боја и околу 100 часа работа. Нивниот труд дефинитивно се исплатеше бидејќи бетонските масивни силоси изгледаат апсолутно неверојатно со насликаните вибрантни лица и фигури од умешните раце на бразилските близнаци.

Со нивната магична работа, Os Gemeos дефинитивно го разбија сивилото што долги години владееше во индустриската зона во градот Ванкувер.

„Првиот предизвик на нашиот нов проект беше да најдеме локација што ќе соодветствува со нашата идеја. Не сакавме и овојпат нашата уметност да ја пренесеме на некој обичен ѕид, туку сакавме нешто сосема поразлично, специјално и уникатно. Силосите во индустриската зона на островот Гренвил беа совршеното место за она што сакавме да го насликаме. Нашата уметност го симболизира животот и сето она што е значајно во него“, изјавија креативните близнаци.

Близнаците Густаво и Отавио Пандолфо се родени во Сао Паоло во 1974 – тата година. Низ годините, тие го доведоа нивниот начин на работа и пренесување на уметноста до совршенство.

Со помош на нивното семејство и улиците како единствено образование, во нивното портфолио денеска се сместени некои навистина импресивни уметнички дела направени во различни делови од светот.

Уживајте во галеријата!

Објавено:
25 август 2014
Категорија: 
Култура