Летен одмор не значи нужно да се биде покрај вода, иако тоа е првата и најчеста асоцијација. Нашиот предлог овој пат е националниот парк „Пелистер“, односно планината Баба,со врвот Пелистер, и секако Битола.
Ако сте биле, тогаш знаете дека ова е неповторилива убавина на која нема шанси да не ѝ се навратите. Ако не сте биле, тогаш не пропуштајте ја можноста да се запознаете со ова место.
View this post on Instagram
„Пелистер“ е прв прогласен за национален парк и тоа уште од 1947 година.Лоциран е помеѓу Преспанската котлива и котлината „Пелагонија“, на северната падина на планината Баба. Името го добива по истоимениот највисок врв (2.601м). Инаку, Баба важи за најјужна планина со алпски карактеристики на Балканот.
Покрај тоа што ќе ве воодушеви зеленилото, овој национален парк нуди неверојатен панорамски поглед. кој се протега мошне широко и досега до планината Јакупица на север, Селечката Планина и Кајмакчалан на исток и кон Преспанското Езеро, планините Галичица и Јабланица на северозапад. Како на дланка може да се набљудува рамнината Пелагонија и да се ужива во боите од Преспанското Езеро.
View this post on Instagram
Но, веруваме дека посебно ќе се вљубите во глетката на двете глацијални езера, Големото и Малото Езеро, попознати како Пелистерски очи. Меѓусебе се одалечени два километри и се одлично место да ја вдишете сета убавина околу вас.
За оние што се по планинарењето, планината Баба е една од најпитомите, но тоа не значи дека треба да тргнете неподготвени. Во секое годишно време, овој предел распостелува убавини, но доколку се одлучите токму летово да го посетите, ќе уживате во многу планински, камени реки, чист воздух, огромни зелени површини.
View this post on Instagram
Огромен потенцијал постои за велосипедизам и алпинизам, па доколку овие активности ве привлекуваат, не двоумете се да ги истражите. На веб страната на Националниот парк ќе ги најдете патеките.
Во околината има планинарски домови, хотел и неколку хостели, така што сместувањето нема да ви претставува проблем. Можете да кампувате исто така доколку сакате, или едноставно да уживате во убав излет.
View this post on Instagram
А кога сте веќе таму, не пропуштајте ја шансата и вашите чекори да одѕвонат на познатиот „Широк Сокак“.Првиот конзулат во Битола бил отворен во 1851 година од страна на тогашната Австро-унгарска империја и тоа токму на Широк Сокак. Потоа тоа ќе доаѓаа конзули и од други држави.Првите светилки на Широк Сокак ја тргнале темницата од Саат-кулата до Офицерскиот дом точно во 17 часот на 24 декември 1924 година. Во тоа време на Широк Сокок биле сместени претставништва на бројни странски компании, престижни кафеани, слаткарници, филијала на Франкосрпската банка. Тој прв конзулски период бил инспирација за бројни песни на конзулите, за пајтоните, за клавирите, за прочуената чкембе чорба, за Влашкото маало и жолтите куќи, за љубовта. Сонот на битолчани нивниот град повторно да стане конзулски се оствари со осамостојувањето на Македонија.
View this post on Instagram
А кога последен пат сте биле на Хераклеја?
Сето ова е само дел од нештата што оваа прошетка можат да ви ја направат незаборавно искуство. Направете го сами планот и уживајте ги летните денови, оддалечени од жегата, а блиску до природата.
Ако ви треба уште малку убедување, погледнете ги фотографиите во продолжение:
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram