„Лица без маски“ Ве кани да ја погледнете богатата програма од седмото издание

15 септември 2014

Доколку изминатиот викенд немавте можност да присуствувате и да бидете дел од седмото издание на манифестацијата „Лица без маски“, а  сте љубители на театарот,  дефинитивно не смеете да го пропуштите останатиот репертоар од програмата која трае до 17-ти октомври (среда). Фестивалот  во петокот беше свечено отворен со мултимедијалната претстава „Плацебо“ на танцовиот театар  од Софија- Бугарија на која се потпишува режисерската и кореографка Ана Пампулова.  Сцената од Универзалната сала во саботата беше резервирана и за одличното претставување на театарот „Костелационе“ од Италија, дело во режија на Роберто Костантини, а потоа од културниот центар „Кула“ публиката можеше да ужива во претставата „Три Сестри“ на младата режисерката Теа Беговска. Следуваа  „Дневникот на Хулиганот“ со перформансот на актерот Васил Зафирчев во продукција на Арт-маркетикг од Скопје и „Исмини и Калипсо“ на гостите од Атина.

„Костелационе“ од Италија „Костелационе“ од Италија

 

Инаку, седмото издание на ИТФ „Лица без маски“, годинава е посветено на европската, но и македонската независна професионална тетарска продукција, и ќе ни ја понуди поинаквата слика за современото битисување, за новите светогледи и различните вистини. Покрај богатиот реперотар, годинава организацијата на фестивалот нуди  и секојдневни работилници, предводени од гостинските театарски компании. Секако погледнете ја и програмата на фестивалот и уживајте во несекојдневните театарски магии.

 

Објавено:
15 септември 2014
Категорија: 
Култура