Љубовта ве чека зад аголот - еден од најубавите мурали за Денот на вљубените

15 февруари 2020

Градот Бристол (на југот на Обединетото кралство) е побогат за уште една фантастична уметничка порака. Се работи за мурал на девојче кое од чакал фрла црвени рози. Вештачките рози пак се фиксирани на аголот на куќата на која е нацртан муралот, која се наоѓа во Бартон Хил, а автор е уличниот уметник Бенкси.

Преку својата уметност, тој сакаше да порача дека треба да се погледне зад аголот, затоа што можеби токму таму ве чека љубовта.

Граѓаните се воодушевуваа на оваа прекрасна љубовна порака која ги изненади на 13.02, односно во очи на Денот на вљубените.

Но, уште поинтересно е што, случајно или не, муралот е нацртан на куќата чиј сопственик е Едвин Симонс, кој е роден токму на 13 февруари, а завчера го прославил својот 67 роденден.

Бенкси своето ново дело го претстави вчера на Инстаграм профилот, а семејството Симонс планира да го обложи со стакло, со цел да го заштити од претстојната бура која се најавува, а и за да остане да го разубавува градот.

 

Објавено:
15 февруари 2020
Категорија: 
Култура
Прочитано:
349 пати