Доколку мислевте дека во прекрасниот Гетхорн во Холандија постојат здодевни сиви патишта како во сите останати места на светот, тогаш вистински погрешивте!
Жителите на ова фантастично мало место во Холандија имаат можност да уживаат низ романтичните канали по кои мора да пловат за да дојдат до своите домови, работни места, училишта...
На прв поглед ова прекрасно холандско гратче изгледа како филмски сет, но верувајте дека долги години тука живеат луѓе кои уживаат во убавините што ги нуди ова место.
Целиот град е изграден на мрежа на ниски канали кои се во целост реални, а истите се и вистинска атракција за туристите кои понекогаш го посетуваат ова место.
Гратчето Гетхорн е основано од страна на бегалци од медитеранскиот регион некаде околу 1230 година, а стана познат во 1958 – та година откако таму беше снимена познатата комедија Fanfare.
Со популација од само 2.600 граѓани и многу малку развиен туризам, Гетхорн е живописно, мирно место за кое многу луѓе сонуваат.
Ова место успеа да ја зачува сета убавина и автентичност на холандското село уште од 18 – тиот век, поради што многумина и денес го опишуваат како холандската Венеција.
Во стариот дел од градот воопшто не постојат патишта, туку сѐ се одвива преку водените канали кои низ селото поминуваат во должина од 7,5 километри.
Тие се првобитно ископани за да се пренесува градежен материјал, но со оглед на тоа што станува збор за такво подрачје, по копањето се појавиле и многу бари, плитки езера и острови каде денеска се населени луѓето.
На ова место прекрасни се и зимите, кога особено актуелни се посетите на музеите и лизгањето на лед, како и прошетките покрај старите куќи со неодоливи фасади и градини кои во текот на целата година изгледаат магично.