Македонски балетски уметници на светски натпревар во Берлин

1 јуни 2015

Во рамките на познатиот Интернационален фестивал „Тancolimp Berlin“, кој се одржува секоја година, каде што почесни гости се Владимир Василиев и Сергеј Фелин, директор на Бољшој Балет, во јуни 2015 год, за првпат се одржува Интернационалниот натреварот за професионални кореографи под името „Танцот како универзален јазик“. Од 100 натреварувачи во прелиминарниот дел, се избрани 20 меѓу кои и првенците на Македонската опера и балет, Мими Поп Алексова-Атанасовска и Бобан Ковачевски, кои ќе се претстават со кореографијата на Саша Евтимова под името „Таа, На него, Јас“, работена според поемата на англескиот поет Томас Харди (She, to him, I). Саша Евтимова е реномиран македонски кореограф која последниве години работи со странство, најпрво во Грузија како резидент кореограф, каде што работеше со познатата балерина Нина Ананијашвили, потоа во Њу Јорк Кореографик Институт, кој е дел од Њу Јорк Сити Балет и Американ Балет Театар, каде сто од цел свет на апликанти, беа избрани тројца кандидати мегу кои и Саша Евтимова.

Саша Евтимова Саша Евтимова

Во рамките на натреварот балетските играчи ќе имаат можност да земаaт часови во националната опера и балет, Staat Berlin, под раководство на Начо Дуато. Како почесни гости и оценувачи на натпреварот се реномираните балетски ѕвезди: Nikolas Le Riche, Париска  опера, Beatrice Knop, Staatopera Berlin, Кatrin Bennet, асистент на Forsythe и Франкфурт Балет.

Натреварот е само за балетски играчи кои се класично образовани, и претставува голем успех за нашите македонски танчери, Мими Поп Алексова-Атанасовска и Бобан Ковачевски, како и за Саша Евтимова како кореограф, да се стигне на таков престижен натревар, во голема конкуренција од целиот свет.

Натпреварот ќе се одржи од 31 мај до 3 јуни, 2015 год.

Објавено:
1 јуни 2015
Категорија: 
Култура